НАШАТА КОМПАНИЈА ЗА ВАШ УСПЕХ
АГРО 9ти КИЛОМЕТАР е реномирана фирма која успешно работи од 2011 година.
- Home
- ЗА НАС
АГРО 9ти КИЛОМЕТАР
АГРО 9ти КИЛОМЕТАР е реномирана фирма која успешно работи од 2011 година. Го следиме развојот на земјоделството и нудиме совети и соработка од секаков вид. Нудиме најквалитетни производи од познати светски компании како Окаy, Mutlu, Castrol, Husqvarna, Duracell, Exide, Max Plus, Ingco итн. Соработуваме со над 100 задоволни клиенти од земјава и странство. Соработката со клиентите станува се поголема и посигурна со тек на времето. Располагаме со земјоделска аптека и неколку продажни изложбени салони каде нудиме семенски материјал, земјоделска механизација, опрема за одгледување, машини и алати и останати пропратни производи…
Научи повеќе Јапонски јаболка
Благотворните својства на јапонското јаболко
- Содржи малку калории(70 калории на 100 грама) и е богат извор на хранливи влакна.
- Обилува со антиоксидансикако што се катекините и галокаткините, а поради хемискиот состав на бетулинската киселина која се содржи во него, го спречува и создавањето на тумори. Катекините се познати по тоа што имаат антивоспалително дејство.
- Свежото јапонско јаболко содрживитамин А, бета каротин, ликопен, лутеин, зексантин и крипоксатин. Сите овие состојки играат важна улога против слободните радикали на кислород кои предизвикуваат стареење и различни болести. Зексатин е важен диетен каротенид, кој посебно се апсорбира во очите каде што служи како антиоксиданс за филтрирање на светлината.
- Добар извор на витамин Ц.Зарем треба да се каже нешто повеќе?
- Содржи многу важен Б-комплекс (Б6).Овие витамини помагаат во разни метаболични функции во телото.
- Свежото овошје исто така содржикалиум, магнезиум, бакар и фосфор.
Избор и чување
Во маркетот изберете го овошјето со жолто портокалова боја без удари или исечоци на него. Можете да најдете дури и суви јапонски јаболка. Оние што се дозреани може да бидат складирани во фрижидер на неколку месеци. Освен тоа што свежите јапонски јаболка можете да ги јадете како и обичните јаболка, во својот сув облик тие одлично ги збогатува кексите, колачите, пудинзите, слатките и снегулките.
Партнери
Горди сме на компаниите кои ги застапуваме во Македонија